Мајсторија од слободен удар на Димитар Митровски во Хрватска (Видео)

Македонскиот репрезентативец, Димитар Митровски, го постигна и шесттиот гол оваа сезона во дресот на Вараждин во хрватското првенство. Митровски во 60-тата минута од мечот против Локомотива Загреб изведе вистинска мајсторија и успеа да погоди директно од слободен удар за израмнување на резултатот на 1-1.

Во 84-тата минута, Димитар Митровски постигна уште еден гол, седми оваа сезона, за комплетен пресврт и за победа на Вараждин од 2-1 против Локомотива Загреб.

- Оглас -

Најнови вести