Мајсторија: Се играше 95 минута, успеа да одземе една топка, па претрча 80 метри и даде гол (Видео)

Борусија Дортмунд со 3:1 победи на гости кај Хофенхајм во меч по кој Борусија Дортмунд се искачи на врвот на табелата со 14 бодови од шест кола. Милионерите поведоа во 18 минута, домаќинот израмни во 25 минута, за да сепак во последната минута од судиското на првиот дел, Борусија стигне до предност од 2:1.

Во последните 20-тина минута од мечот, гостите од Дортмунд останаа со играч помалку, па Хофенхајм тргна со сите сили да израмни. Сепак на крајот, наместо наместо домаќините да стигнат до 2:2, се случи трет погодок за гостите.

Во 90+5 минута Жулијан Риерсон беше одличен во дефанзивната задача и успеа да се одбрани пред мападите на домаќините. Риерсон ја освои топката и покрај ату лиијата тргна во напад. Претрча речиси 80 метри и на крајот успеа да постигне гол за победа на Борусија Дортмунд.

Овој погодок може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести