Мајсторија, со две додавања за две секунди ги исфрлија сите 10 противнички играчи и постигнаа гол (Видео)

Олимпик Марсеј го доби дербито против Рен, и тоа на гостински терен со минимален триумф од 1:0. Со оваа победа Олимпик Марсеј се зацврсти на второто место на табелата во француското првенство и сега има 55 бода, осум помалку од лидерот ПСЖ, а четири повеќе од третопласираниот Монако. Рен остана со 46 бода на петтата позиција.

Моментот кој се покажа како решавачки за дербито во Франција се случи во 57-мата минута. Беше досуден фаул за гостите, а сите играчи на Рен беа во дефанзивна линија. И во една ваква ситуација, гостите направија феноменален напад. Брзо го изведоа слободниот удар, топката дојде по страничниот дел до Ундер, а овој со феноменална асистенција успеа да го пронајде Сеат Колашинац, кој постигна гол.

Топката која ја упати Ундер помина преку седум противнички играчи и ниту еден не успеа да ја сопре, а потоа стигна радоста на гостите. Овој одличен изведен слободен удар и мат позиција во два потези може да го видите ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести