Мајсторија во Куманово: Со играта 3+ стигна до добивка од над 400.000 денари

Стратегијата најчесто да се игра на голови често носи многу добитни тикети, па еден од таквите тикети во саботата беше упалтен во Куманово. На 12 одиграни средби, дури 11 беа со играта да има 3+ погодоци, а единствен чист фикс беше Барселона да слави над Бетис, а тоа се случи со 4:2, што значи дека и тука имаше 3+ погодоци.

На тикетот уплатен во Куманово само со 300 денари, добивката е фантастична затоа што е погоден вкупен коефициент од 1.599,88, па на крајот овој обложувач си заработи нето-добивка од 408.014 денари.

Од саботните средби на тикетот, Борусија Дортмунд со 4:0 победи на гости кај Келн, Милан славеше со 3:2 на теренот на Удинезе, а Аз Алкмар и Цволе ремизираа 2:2. Многу голови, дури пет, имаше и на дербито во Бундеслугата на кое Баер Леверкузен со 3:2 победи кај Лајпциг. Арсенал и Порто беа одлични и победија со по 5:0 против Кристал Палас, односно Мореиренсе.

МОРА ДА СЕ ИМА И СРЕЌА, ГОЛОВИ ВО СУДИСКОТО ПРОДОЛЖЕНИЕ НА ДВА МЕЧА ЈА ДОНЕСОА ДОБИВКАТА

Во неделата беше многу подраматично. Лидс и Престон си дадоа по еден гол во првите шест минути за 1:1, а за трет погодок се чекаше дури до 90+4 минута, кога Лидс погоди за победа од 2:1. Слично беше и на дуелот Арис и Олимпијакос. Гостите водеа со 2:0 по 20 минути игра, а дури во 90+1 минута падна третиот гол и тоа за 1:2.

Жирона немаше милост против Севилја и славеше со 5:1, а Јувентус со три погодоци во второто полувреме победи на гости кај Лече со 3:0. Во Белгија, Антверпен лесно со 4:1 беше подобар од Шарлроа.

- Оглас -

Најнови вести