Роберт Левандовски, кралот на стрелците во Европа, постигна хет-трик против Салцбург само за 11 минути и го води Баерн кон четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Полскиот напаѓач на германскиот гигант ја почна рафалната стрелба во 12-тата минута со прецизен удар од белата точка, а потоа ја затресе мрежата на Кон во 21-вата минута повторно од пенал и пак беше прецизен со интересен погодок во 23-тата минута.
Третиот гол на Левандовски можете да го погледнете ОВДЕ.
Ова е најбрзиот хет-трик во Лигата на шампионите постигнат до 23-тата минута, а Баерн го докусури Салцбург со уште еден гол во првото полувреме што го постигна Серж Гнабри во 31-вата минута за 4:0 во Минхен по првото полувреме.
https://twitter.com/goal/status/1501294192869392385?s=20&t=fGUi1EuEqh1ZDSJVe7mEcQ
Првиот меч во Австрија заврши нерешено 1:1, а веќе е јасно дека Баерн ќе игра во четвртфиналето во Лигата на шампионите.
На вториот реванш-меч што се игра вечерва, Ливерпул и Интер одиграа без голови по првото полувреме и англискиот тим е само на 45 минути до пробив меѓу осумте најдобри екипи во Европа откако победи во Милано со 2:0.