Многу изненадувања и неочекувани резултати имаше на натпреварите од силните фудбалски првенства во Европа. Екипи како Реал Мадрид, Ливерпул, Арсенал, Динамо Загреб, Аталанта не успеаја да ги освојат трите бода, но и покрај тоа, викендов мајсторите за обложување се покажаа на дело и заработија убава сума пари.
НАМЕСТО ФАВОРИТИТЕ, НА ТИКЕТОТ БРАЗИЛЦИ
Во објект на Sport Life на автобуската станица во Охрид, обложувач со уплата од 100 денари, си заработи 162.507 денари бруто-добивка, односно 138.146 денари нето-добивка. Тој на тикетот одигра десет натпревари кои ги чекаше пет дена и играше „кец во кец“ со 3+ или „два во два“ со 3+, а доминираа натпреварите од бразилските лиги.
Тикетот беше уплатен изминатата среда, на 1 февруари, а последниот натпревар за добивка го чекаше до вчера, и тоа дуелот меѓу Сент Џонсон и Селтик.
Тикетот му започна со дуелот од Светското клупско првенство меѓу Ал-Ахли и Оукленд сити, на кој имаше голема доза на среќа. Имено, египетскиот тим славеше со 3:0, а поведе во втората минута од судиското продолжение во првото полувреме. Екипите на Макаби Тел Авив, Атлетико Паранаенсе, Спорт Ресифе. Форталеза и АБЦ беа убедливи во победите. Во саботата, Бенфика лесно ја совлада Каса Пиа.
Обложувачот голема доза на среќа имал и на дуелот меѓу Ренџерс и Рос каунти бидејќи фаворитот поведе, исто како и Ал-Ахли, со гол даден во втората минута од судиското продолжение во првото полувреме.
МИКС ОД КОШАРКА И ФУДБАЛ ЗА УБАВА ДОБИВКА
Уште еден мајстор за обложување, овој пат од Кавардаци, заработи 74.072 денари бруто, односно 62.976 денари нето со уплата од 100 денари.
Кај кавадарчанецот на тикетот од шест натпревари, пет се кошаркарски, на коишто одиграл на конечен исход на полувреме-крај и на збир на поени, и еден фудбалски, на кој е одиграно полувреме-крај.
Обложувачот бил убеден во победа на Партизан на гостувањето кај Жалгирис (74:88), а неизвесно беше на дуелите меѓу Монако – Реал Мадрид (91:95) и Басконија – Панатинаикос (95:90) бидејќи шпанските екипи победите ги обезбедија во самата завршница. Последниот кошаркарски натпревар е тој од австралиската лига меѓу Илавара и Тасманија, кој гостите убедливо го добија со 24 поени разлика (63:87).
Од фудбалските натпревари, Атлетик Билбао лесно со 4:1 го совлада Кадис и му донесе заработка од малку повеќе од 1.000 евра на обложувачот.