Обложувачите се покажаа на дело уште на почетокот во Новата 2023 година, а викендов има топ-тикет во Кичево со одлична добивка.
Обложувач со игра на голови има добивка од 163.000 денари во бруто износ, или нето 138.761 денари.
ВО КИЧЕВО ИМА МАЈСТОРИ ЗА АНГЛИСКИ ФУДБАЛ
Во Кичево играч во Sport Life за уплата од 50 денари, погодил 10 натпревари и си освои 138.761 денари во нето износ. Тој одиграл десетка од англиските дивизии и ФА Купот и тоа две игри, едната дека еден тим ќе даде помеѓу еден и три гола во двете полувремиња, а другата еден тим ќе даде по барем еден гол во двете полувремиња.
Обложувачот имал и голема доза на среќа бидејќи уште на првите два натпревари беа постигнати голови во судиското продолжение.
На мечот меѓу Честерфилд и ВБА, гостите во второто полувреме дадоа гол во 93-та минута и се спасија од пораз (3:3).
Фулам голот во второто полувреме за триумф од 0:2 на гостувањето кај Хал, го постигна во 94-та минута.
Исто така обложувачот имал среќа и на натпреварот меѓу Леистон и Басфорд кој заврши 6:2, а домаќинот даде по три гола во двете полувремиња.