Двајца мајстори за натпревари од Светско првенство веднаш се пријавија со топ-добивки уште на вториот ден од Мудијалот во Катар.
Обложувач со уплатен тикет во Sport Life во Македонска Каменица одлично ги нанижа трите меча од СП што се играа вчерта, а ги зачини со уште два дуели од Вторите лиги на Италија и Шпанија и со влог од 100 денари, си ќари 176.218 денари, или во нето-износ точно 150 илјади денари.
Тука и бонусот е одличен и изнесува 16 илјади денари, што е убав подарок само во една од многуте акции на Sport Life.
ИСТОРИСКИ ДОЛГИТЕ ПРОДОЛЖЕНИЈА ДОНЕСОА РАДОСТ И ДОБИВКА ОД 2.500 ЕВРА
Обложувачот со нето-добивка од 2.500 евра имаше и многу среќа и голем бенефит од долгите и историски продолженија што се новитет на Мундијалот во Катар.
Голот на Класен за Холандија во 99-тата минута, или деветтата минута од судиското продолжение, беше клучен за погоден тип Х-2&2-4 на мечот со Сенегал.
Холандија со тој гол победи со 0:2, а на полувремето беше 0:0, доволно за фатен коефициент 7.25, највисок на добитниот тикет.
Претходно Англија го декласира Иран со 6:2 за погодена комбинација 1-1&4+ со квота 5.70 и САД – Велс конечен „икс“ со коефициент 3.05.
Мечот во шпанската Сегунда меѓу Мирандес и Картахена заврши 2:1, таман за погоден тип 2-3 гола со коефициент 3.10.
Пескара го победи Турис со 3:2 на гости во Серија Б во Италија, а голот на домаќините во 89-тата минута донесе многу радост за фатен тип 2&ГГ со квота 4.10 и топ-добивка од 150.000 денари.
ВО ДЕБАР ИМА ЛОВЦИ НА ГОЛЕМИ КОЕФИЦИЕНТИ, СО ТРИ МЕЧА СИ ЌАРИ 360 ЕВРА
Во Дебар исто така има одличен добитен тикет со скромна уплата од 60 денари, а одиграни и погодени се трите вчерашните натпревари на Светското првенство.
Комбинацијата е ГГ&4+ на мечот Англија – Иран, што заврши со резултат 6:2, потоа и дуелот меѓу Сенегал и Холандија со играта Х-2, а заврши со 0:2 и на полувреме беше без голови.
Остана да се чека и најтешкиот одигран знак 1-Х на последниот вчерашен натпревар меѓу САД и Велс, а пола работа беше завршена по првото полувреме.
Американците водеа со 1:0, па Велс израмни во вториот дел за конечни 1:1 и фатен коефициент од 17.75 за бруто-добивка од 26.625 денари, или со одбиен данок околу 22 илјади денари.