Понеделнички Квотите на денот нудат убав вкупен коефициент од 13.18 за успешен старт на новата работна недела.
Во последниот меч од 35-тото коло во Премиер лигата се среќаваат екипите кои се борат за опстанок, па иако на Фулам му се даваат минимални шанси за спас, не би требало да загуби дома од Барнли, кој моментално има девет бода повеќе од Куќарите. Двознакот со победа на домаќините или реми и барем по еден гол на двете страни носи топ квота од 2.60.
Во меѓувреме вечерва се очекува триумф на мајсторите за нерешено во шпанската Ла Лига. Бетис по шест ремија во низа треба да ја совладаат Гранада во ефикасен меч, каде што се очекува да паднат до пет гола за да биде добитна квотата од 2.60.
Порто треба да го покаже напаѓачкиот квалитет против Фаренсе и да забие барем еден гол во првото полувреме, односно најмалку двапати да го натера противникот да ја вади топката од својот гол при квота од 1.95.