Дерби каунти го победи Барнсли со 2-1 во дуел од англиската Шампионат лига, а асистент при првиот гол беше Вејн Руни, кој од следната сезона ќе биде тренер на тимот. Руни покажа дека уште му е рано за пензија, одлично изведе слободен удар, го пронајде Џек Мериот, кој даде гол за водство од 1-0.
Руни, кој е прв стрелец во историјата на репрезентацијата на Англија и на Манчестер јунајтед, ја доби капитенската лента во Дерби. Тимот по победата остана на 17-тото место, но со импресивното засилување може да се очекува да избегне борба за опстанок во второлигашкото друштво.
Руни, кој има 34 години, играше во средниот ред, а не како напаѓач. Тој по мечот рече дека тимовите во Шампионат лигата не заостануваат зад тие во американската МЛС, но дека во САД има подобри индивидуалци.