Бетис, кој е дебитант во финалињата на некој од европските купови, покажа дека ни најмалку не се плаши од Челзи и само по 9 минути, тимот од Севилја постигна гол со кој поведе со 1-0 во финалето на Конференциската лига.
По грешката на Густо, Бетис направи акција при која Иско убаво асистираше, а Мароканецот Абде Езалзули со прецизен шут ја затресе мрежата на Сините за радост на фановите на Бетис, кои вечерва во полскиот Вроцлав се во поголем број од тие на Челзи.
Абде даваше голови и во полуфиналето против Фиорентина. Од деветте погодоци сезонава, 6 му се во Конференциската лига.
✅️⚽️ ¡GOOOOL del #RealBetis!
🇲🇦 Marca Ez Abde para adelantar al equipo verdiblanco.
👟 Asistencia de Isco.#RealBetisChelsea #ConferenceLeagueFinal pic.twitter.com/FoyxTKEBkO
— La Cruceta (@LaCruceta__) May 28, 2025