Најсилната хокејска лига во светот, НХЛ-лигата, редовно ни носи голем број спектакуларни погодоци, а голем дел од нив навистина се спектакуларни.
Таков беше и тој на Тревор Зеграс, хокеар којшто настапува за екипата на Анахајм дакс на гостувањто против Монтреал канадијанс.
Младиот 20-годишен хокеар го зеде пакот во својата палка, „издрибла“ неколку противници, па потоа направи мала магија, односно во хокејот позната како „Мичиген-лакрос“ стил.