Мајсторски од Демир Хисар: Само со пет меча погоден коефициент вреден 780

Дека и со малку мечеви може да се погоди голем коефициент покажува вчерашниот тикет уплатен во Демир Хисар. На тикетот има само пет меча, а погоден е вкупен коефициент од 780, па затоа само со 70 вложени денари, добивката е 54.642 денари.

Прв меч на тикетот е градското дерби меѓу Интер и Милан. Одиграно е Интер да победи, а во двете полувремиња да бидe постигнат барем по еден гол. Нераѕурите на полувреме водеа со 2:0, а до крајот на мечот дадоа и трет погодок за убедлив триумф и погодена квота од точно четири.

Линфилд славеше на гости кај Крисајдерс со 2:1, во меч на кој во двете полувремиња имаше барем по еден гол за одлично погодена комбинација од 4.40 коефициент. Ажаксио без многу проблеми со 2:1 го победи Данкер во меч од втората лига. Домаќините водеа со 2:0 на полувреме, а гостите дадоа еден погодок во второто полувреме.

Фулам ја потврди диминацијата во Чемпионшип и уште во првото полувреме даде три погодоци во победата над Престон. Со оваа победа, Фулам и дефинитивно се врати во Премиер лигата за следната сезона.

Слован Братислава се пласира во финалето на Купот во Словачка откако со 2:1 го победи Тренчин. Слован уште во првото полувреме даде два гола, што беше важно за тикетот да биде добитен.

- Оглас -

Најнови вести