Вчерашниот ден беше среќен и успешен за двајца обложувачи кои покажаа дека во деновите кога има Лига на шампиони, и може, но и не мора да се типува на врвен фудбал за да се дојде до голема добивка.
Во објект на Sport Life во скопски Мичурин, еден обложувач со 20 денари уплата има феноменален добитен тикет со бруто-добивка од дури 127.693 денари. Погодената вкупна квота му е 6.384,63.
Интересно е дека меѓу 12-те фудбалски мечеви кои се на тикетот, ниту еден не е од ЛШ. Секаде е типувано дека ќе има два или повеќе голови во прво полувреме и, за негова среќа, квотите се од 1.90 па нагоре и на сите овие средби навистина беше со 2+ голови во првите 45 минути.
Во уплатно место на Sport Life во Гостивар, влог од 300 денари е претворен во бруто-добивка од 106.176 денари.
На овој тикет има 10 меча, од кои шест од Лигата на шампионите. Играни се разни комбинации, а најкритични биле два меча. Потребен беше гол на ПСВ против Јувентус, а холандскиот тим погоди во 93-тата минута. Ендрик од Реал Мадрид со голот во 95-тата минута направи овој тикет да биде добитен бидејќи е прогнозирано освен победа на Реал, да има барем и четири гола, а погодокот на младиот Бразилец беше четврти на мечот.