Обложувач од струмичко Ново Село се покажа како феноменален прогнозер, погоди исходи на дури 17 натпревари играни во петокот и тоа му донесе огромна добивка.
Во објект на Sport Life во Ново Село, во овој тикет се вложени 50 денари, а можната бруто добивка беше над 420.000 денари. Погодена е неверојатна вкупна квота од 8.410, 50.
На тикетот има комбинација од игри и квоти. Има и „сигурици“ со квоти околу 1.30, а има и парови кај кои квотите се 3.00 или поголеми. Погодени се дури шест нерешени исходи, што на полувреме што на крај. На Катанцаро – Јуве Стабија кој заврши 2-2, гостите цело второ полувреме играа со фудбалер помалку, но издржаа да не примат и трети гол и освоија бод.
Погодени се фиксови од и лиги кои не се толку популарни и атрактивни, има доста мечеви од пониски лиги надвор од Европа, но одлично му легнаа на овој обложувач.
Последен за чекање (средбата заврши околу половина час после полноќ) му бил мечот во Колумбија помеѓу Атлетико Грау и Спорт Хуанкајо каде е типувано 2-4 гола, а четврти гол за 3-1 падна во 88-ма минута и во финишот веројатно не било пријатно и неколку минути чекал да не падне и петти гол што би било катастрофа и тикетот така би бил недобитен.