Обложувач кој вчера уплатил 50 денари на тикет во објект на Sport Life во Гостивар, има бруто-добивка од 135.184 денари откако ги погодил сите седум прогнози.
Првиот меч на тикетот му е пријателскиот меч Мексико – Шведска, каде што и квотата е најголема, дури 8.00. Гостиварчанецот погодил дека Швеѓаните ќе победат и дека и двата тима ќе дадат гол. По првото полувреме резултатот беше 0-0, а на крајот Швеѓаните триумфираа со 2-1. Победничкиот гол падна во 84-тата минута. Инаку, мечот се играше во шпанскиот град Жирона.
Истата игра, конечен тип во комбинација со ГГ, ја има и за дуелите Албанија – Италија и Турција – Шкотска, каде што се предвидени победи на Италијанците и Турците.
Погодени се фиксови и дека Гибралтар ќе го победи Лихтенштајн (заврши 2-0 со два гола во првите 20-тина минути) и дека Бугарија ќе го совлада Кипар (2-0).
На тикетот има и два меча од ФА купот на Англија, и тоа погодено е дека ќе победат гостите. Тоа се средбите Салфорд сити – Питерборо и Вокинг – Оксфорд јунајтед. Питерборо победи 3-0, а Оксфорд го положи испитот со 2-1.