По долга и тешка битка со рак на белите дробови, почина Ѓорѓе Џонов, поранешниот фудбалер на Силекс, Металург, Беласица и Кожув. На свои 30 години македонскиот фудбалер не ја доби најважната битка, животната.
На Џонов му беше потребен посебен медицински третман и операција во Турција, за што голем број на спортски работници во земјава, како и клубови, апелираа и собираа средства за да помогнат.
Сепак, трагичната вест денес го обви македонскиот фудбал во црно.