Мака има и Ватфорд – Пирсон: Еден фудбалер чека резултати за Коронавирус, имаме и цела група што не се чувствува добро

И Ватфорд има маки со Коронавирусот, еден фудбалер чека резултати од тестот за Коронавирус, а како што вели менаџерот Најџел Пирсон, има и група играчи што имаат симптоми дека се заразени.

„Во овој момент здравјето е најважно. Има време за фудбал и не смееме да ги загрозиме играчите. Имаме еден фудбалер што чека резултати од тестот за Коронавирус, а и група од играчи кои не се чувствуваат и имаат симптоми на вирус“, изјави Пирсон.

Тој го откажа вчерашниот тренинг, но и додаде дека мора некако да се подготвуваат за мечот со Лестер бидејќи се чека официјално мечот да биде одложен.

Се чека и одлука на Фудбалската асоцијација на Англија за евентуално пролонгирање на натпреварите во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести