Предмалку се одиграа првите пет натпревари од 26-тото коло во Евролигата, а големото дерби се одигра во Тел Авив, каде што Макаби славеше над ЦСКА Москва со 84:75.
Домашниот тим имаше фантастично прво полувреме, во кое водеше со 49:28, а во вториот дел следуваше очекуван пад, но и покрај тоа, славеше убедливо.
Скоти Вилбекин со 23 уфрлени поени беше најефикасен на оваа средба, а Макаби дојде до 11-тата победа сезонава, но и покрај тоа ќе остане на 12-тото место. ЦСКА со скор од 14:10 нема да мрдне од петтата позиција.
Освојувачот на Евролигата, пак, Анадолу Ефес изгуби на гостински терен од Олимпијакос, и тоа по продолженијата со 87:85, откако во регуларните 40 минути средбата заврши 75:75.
Костас Слукас со 23 уфрлени поени беше херојот на домаќините, кои се четвртата позиција на табелата, додека во Анадолу „виси“ во неизвесност бидејќи е деветтопласиран, а одат само најдобрите осум екипи понатаму.
ЕВРОЛИГА
Алба Берлин – Зенит Санкт Петерсбург 76:67
Монако – Жалгирис Каунас 82:83
Олимпијакос – Анадолу Ефес 87:85
Макаби Тел Авив – ЦСКА Москва 84:75
Милано – Басконија 89:78