Макаби Хаифа приреди изненадување со победата од 2-0 против Јувентус. За Макаби ова е прва победа во Лигата на шампионите од 29 октомври 2002 наваму, тогаш го победија Манчестер јунајтед со убедливи 3-0, а вечерва настрада еден друг гигант на европскиот фудбал.
Двата гола за Макаби беа дело на Омер Ацили во првото полувреме.
После овој пораз, Јуве остана со само три бода после четири кола, и само чудо може да ги однесе Италијанците во осминафиналето. Многу поверојатно е дека по завршувањето на групната фаза во ЛШ, Старата дама ќе се пресели во Лига Европа, или можеби прерано ќе завршат со настапи во европските купови.
Навивачите уште повеќе ќе го засилат притисокот врз раководството за смена на тренерот Масимилијано Алегри, бидејќи тимот потфрла и во Серија А и во ЛШ.