6852 Макаби Тел Авив – Хамрун Спартанс (20:00)
Претставникот на Израел во Лигата на Европа, Макаби Тел Авив, има предност од 2-1 од првиот меч против Хамрун. Израелците сега се домаќини во Србија, на стадионот во Бачка Топола, каде што ќе треба само да го потврдат пласманот во плејофот од второто натпреварување на УЕФА. Очекувањата се дека Макаби нема да има посериозни проблеми против екипата од Малта, па ќе постигне најмалку три гола во нивната мрежа.
Предлог тип: Т1 1+I & Т1 3+ (2.30)
6849 Ноа – Линколн (19:00)
Ноа и Линколн одиграа 1-1 на првиот меч на Гибралтар, па патникот во плејофот од Лигата на Европа ќе се одлучува во Ерменија. Домашните се големи фаворити на овој меч, а со победа ќе го повторат успехот од минатата сезона, кога играа во лигашкиот дел на Конференциската лига.
Предлог тип: 1 & 3+ (1.81)
6733 Динамо Тирана – Хајдук Сплит (20:45)
Хајдук и Динамо одиграа драматичен меч на „Пољуд“, кој им припадна на сплитските „бели“ со 2-1. Сега следува реваншот во Тирана, на кој повторно се очекуваат голови во двете мрежи. Хајдук ќе се обиде да ја сочува предноста, а Динамо ќе мора да нападне доколку сака да извлече поволен резултат, можеби и пласман во следната рунда.
Предлог тип: ГГ и 3+ (2.14)
6871 Бешикташ – Ст. Патрик (20:00)
Бешикташ веќе е во следната рунда од Конференциската лига откако славеше со 4-1 на гостувањето кај Ст. Патрик. Турците сега ќе треба пред своите гледачи да го потврдат пласманот во плејофот, а нема сомнеж дека тоа повторно ќе биде на убедлив начин.
Предлог тип: 1-1 & 4+ (2.20)
6740 Санта Клара – Ларн (21:00)
Санта Клара има предност од 3-0 против Ларн од првиот натпревар во Северна Ирска, па мечот во Португалија ќе биде само формалност. Она што сигурно нема да недостасува на овој натпревар се головите, кои ќе ги има во изобилство на задоволство на гледачите.
Предлог тип: 1-3I & 3+ (2.08)