Македонец е најдобар стрелец во првенството на Узбекистан

Повремениот македонски репрезентативец Љупчо Дориев игра во одлична форма во првенството на Узбекистан, а тоа го потврди и денеска. Дориев со Согдиана гостуваше кај ОКМК, а во првото полувреме немаше погодоци.

Само што започна второто полувреме Дориев погоди за 1:0 за гостите, а веднаш потоа домаќините израмнија. Во 58 минута, повторно Дориев донесе радост за Согдиана, но гостите не само што не ја сочуваа предноста, туку на крајот загубија со 3:2.

По шест одиграни кола, Согдиана има постигнато седум голови, а пет се дело на Дориев, кој има и една асистенција. Со ваков биланс, струмичанецот е најдобар стрелец во моментов во првенството на Узбекистан.

 

- Оглас -

Најнови вести