15.8 C
Skopje
недела, 28 септември 2025

Македонец го кутна првакот на Евролигата! (ВИДЕО)

Емил Рајковиќ, најуспешниот македонски тренер во историјата, вечерва со својот нов тим Тофаш приреди вистинска сензација во турската кошарка, победувајќи го европскиот клупски шампион Фенербахче со тесни 80-78 на домашен терен.

Натпреварот беше екстремно драматичен, а победничкиот кош за Бурса беше постигнат буквално во последната секунда. Херој на мечот стана Максвел Луис, кој го постигна својот прв кош на натпреварот токму во клучниот момент.

Огромна заслуга за конечниот исход има Рајковиќ, кој на само една секунда пред крајот, при резултат 78-78, повика тајмаут и ја нацрта акцијата која тимот ја реализираше до триумфот.

Триумфот на Тофаш е уште позначаен ако се земе предвид дека во последната четвртина Фенербахче имаше водство од седум поени (74-67) и во последните две минути имаше напад за победа со предност од еден посед.

Најефикасен кај Тофаш беше литванскиот репрезентативец Блажевич со 21 поен, додека Хортон Такер од Фенербахче беше прв стрелец на мечот со 24 поени.

- Оглас -

Најнови вести