Фудбалерот со македонски корени, Даниел Дени Мусовски, беше клучната фигура во победата на Сиетл на гостувањето кај Лос Анџелес галакси со 0-4. Македонецот беше стрелец на два гола, во 37-мата и во 54-тата минута за водство на Сиетл од 0-2, односно 0-3.
Мусовски со овие два гола дојде до бројка од 10 гола во МЛС-лигата оваа сезона, а еднаш погоди и во Лига купот на Северна Америка.
Мусовски сосема заслужено беше прогласен и за играч на натпреварот против Лос Анџелес галакси.
Danny Musovski is your @Toyota Man of the Match from #LAvSEA! pic.twitter.com/zWCrXLxLVs
— Seattle Sounders FC (@SoundersFC) August 11, 2025