Словенечкиот фудбалскиот прволигаш Радомље објави дека нов тренер им е 48-годишниот македонски стручњак Југослав Тренчовски.
Тренчовски, кој има богата кариера во Македонија и надвор од неа, последните години работеше во арапски земји, а има освоено и трофеј, Купот на Македонија, како тренер на Академија Пандев пред шест години. Во минатото беше и селектор на У-19 репрезентацијата на Македонија.
„Го следам Радомље веќе три години. Познат ми е проектот, знам што сака да постигне клубот. Тие сакаат да вклучат млади фудбалери, да ги развиваат и да им помогнат да напредуваат во кариерите“, е првата изјава на струмичанецот како шеф на стручниот штаб на Радомље.