Македонецот Андреас Трајковски вечерва ќе настапи на ЕП во сала

Во холандскиот град Апелдорн денеска започнува Европското првенство во атлетика во сала, а единствен претставник од Македонија е Андреас Трајковски, кој вечерва ќе настапи во квалификациите во дисциплината скок во далечина.

За влез во финале ќе биде потребно Трајковски да биде меѓу најдобрите 8 од вкупно 17-те скокачи кои ќе се појават во квалификациите. Андреас моментно е на 31-вото место на европската ранг-листа во скок во далечина. Неговиот личен и македонски рекорд во сала е 7,79 метри.

„Се чувствувам добро и возбуден сум што ќе скокам и ќе ја претставувам Македонија на моето прво ЕП во сала. Целта е да се пласирам во финалето, ќе биде тешко, но на првенствата сè е можно“, изјави Андреас пред вечерашните квалификации.

 

 

- Оглас -

Најнови вести