Македонецот Ѓурчиноски со два гола е херојот во историскиот европски успех на тимот од Сан Марино (Видео)

Екипата на Тре Фиори го направи најголемото изненадување во првото коло од квалификациите во Конференциската лига откако со 3:1 синоќа славеше над Фола и со вкупни 4:1 оди во следната фаза. Тре Фиори е полупрофесионален тим кој доаѓа од Сан Марино, а успеал да помине едно коло во УЕФА натпреварувања. 

Еден од главните херои во триумфот на Тре Фиори Фола е Македонецот Бојан Ѓурчиноски. Фудбалерот кој е роден во Струга, е напаѓач во екипата на Тре Фиори, а синоќа тој постигна два гола.

Ѓурчиноски прво се израдува пред крајот на првото полувреме кога погоди за 2:1, а потоа и во вториот дел уште еднаш ја затресе мрежата на гостите за потврда на триумфот од 3:1.

Ѓурчиноски во кариерата има играно за екипи од ниските лиги и ги носел дресовите на екипи во Хрватска, Босна и Херцеговина и Италија, а сега успеа да се запише како стрелец во меч од натпреварување на УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести