Македонскиот кошаркарски репрезенаттивец, Ненад Димитријевиќ, одигра фантастична партија во победата на Уникс Казан над ЦСКА Москва, која од клупата е предводена од нашиот тренер, Емил Рајковиќ. Уникс победи со 88-78 и се искачи на врвот на табелата во ВТБ лигата, а Димитријевиќ успеа да постигне неверојатни 40 поени.
Нашиот кошаркар имаше фантастичен процент од поле, погоди 15 удари од 20-те кои ги упати, а беше неверојатен и во ударите за три поени, погоди седум од девет.
Димитријевиќ мечот го заврши со 52 индексни поени и беше убедливо најдобар на теренот, за што говори фактот дека вториот најголем индекс беше само 25.