„Македонецот“ Шортс доминираше, Париз загуби после 14 натпревари

Серијата на дебитантот во кошаркарската Евролига, Париз, заврши на мечот против францускиот ривал, Лион. Париз имаше серија од 10 победи по ред во Евролигата, а доколку се сметаат и мечевите од домашното првенство, тогаш серијата беше цели 14 натпревари.

Париз загуби од Лион со 98-93, а најдобар на паркетот беше натурализираниот македонски репрезентативец, Ти Џеј Шортс, со 29 поени, но неговиот ефект не беше доволен за победа на дебитантот, со оглед на тоа дека изостана поддршката од соиграчите.

И покрај поразот, Париз останува лидер на табелата во Евролигата со ефект од 11 победи и четири порази, односно со една победа предност пред Монако, Баерн и Фенербахче.

- Оглас -

Најнови вести