Македонија со 1:0 го победи Казахстан и не само што ги задржа шансите за првото место во групата за пласман на СП 2026 година, туку направи и еден подвиг. Прв пат се случува Македонија 10 меча по ред да нема пораз и да спои 365 дена, односно една година без ниту еден неуспех.
Последен пат Македонија загуби на 10 јуни минатата година и тоа во пријателски меч од Чешка со 2:1. По тој пораз, нашата репрезентација одигра вкупно 10 дуели и има седум победи и три нерешени. Ги победувавме Ерменија (2:0 и 0:2), Летонија (1:0 и 0:3), Лихтенштај со 0:3, Фарски острови со 1:0 и денеска Казахстан со 1:0. Нерешени се дуелите против Белгија (1:1), Велс (1:1) и Фарски острови (1:1).
Следен противник на Македонија ќе биде Лихтенштајн во Скопје на 7 септември, што значи дека оваа убава серија на Македонија може да продолжи.