Балканското дерби без победник – Македонија беше подобра, Бугарите со еден шут стасаа до реми (Видео+Фото)

Македонија одигра нерешено 1:1 против Бугарија во премиерниот меч од новото издание на Лигата на Нации, а беше многу драматично во последните секунди.

Во 94. минута беше досуден пенал за Бугарија, но судијата Пињар потоа со помош на ВАР системот ја преиначи одлуката и остана нерешено 1:1.

Топката го удри Висар Муслиу во лактот, првично беше досуден пенал, но правилно францускиот судија ја смени одлуката, откако ја провери ситуацијата со помош на ВАР системот.

Нашата репрезентација беше подобра на терен, примивме гол од само еден удар кон нашиот гол, кога во 13. минута Кирил Десподов по аситенцијата на Неделев го совлада Столе Димитриевски, но успеавме да освоиме само еден бод.

Потоа македонските репрезентативција презедоа контролата на мечот во свои раце и имавме неколку шанси, од кои најзрела во првото полувреме беше таа на Барди.

Енис упати силен удар кон голот на домаќините, но го погоди Николај Михајлов директно в лице.

 

На почетокот на второто полувреме Македонија израмни на 1:1 во 50. минута. Милан Ристовски беше најприсебен пред голот на Бугарите и рутински погоди за прв бод во четвртата група од Ц сегментот во Лигата на Нации.

Bulgaria 1-[1] North Macedonia – Milan Ristovski 50′ from soccer

Ристовски не беше во офсајд што го покажуваат и повлечените линии при ситуацијата во 50. минута.

Македонија имаше уште една зрела шанса, а по ударот на Езџан Алиоски одлилно реагираше Михајлов и со парада ја одби топката во корнер.

До крајот нашата репрезентација имаше иницијатива, но не даде гол за победа, па со еден бод ја продолжуваме јунската испитна сесија со уште три меча, два со Гибралтар и еден со Грузија во следните 10 дена.

Во вториот мечод нашата група што се играше денеска Грузија го декласира Гибралтар со 4:0.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести