Тбилиси ни е среќно место – Македонија приреди подвиг, стопи 14 негатива со Грузија и ќе игра четвртфинале

Македонските младинци ќе играат во четвртфиналето на Б шампионатот на Европа во кошарка по големата победа против домаќинот Грузија во Тбилиси со 76:73.

Подвигот на нашите таленти на возраст до 20 години е уште позначаен ако се знае дека стопија 14 поени негатива што ја имаа неколкупати во втората четвртина, а патем играа и против домаќинот на турнирот.

Младите македонски репрезентативци не се предаваа и на полувреме заминаа со 7 поени негатива, 37:44.

Темпото на играта кај момците во жолти дресови постојано растеше и Македонија успеа да добие три четвртини по ред и да победи.

Во вториот период беше 17:15, потоа 20:15 и на крај во последните 10 минути 19:14 за конечна победа од 76:73.

Со денешниот триумф сме втори во Б групата и ќе играме во четвртфиналето што ни дава шанса и за пробив во А дивизијата.

 

- Оглас -

Најнови вести