Македонските кадети не успеаја да постигнат повеќе од еден кош од игра во последните пет минути од мечот со Велика Британија и загубија со 69:71 што ни е трет пораз за последно место во Б групата на ЕП за кошаркари до 18 години.
Водевме со 62:58, но потоа кошот на Британците како да беше блокиран за нас и ривалот со серија од 8:0 успеа да направи комплетен пресврт.
Симиќ постигна поени од слободни фрлања на 40 секунди до крајот, но младите Британци со тројка ги решија сите дилеми околу победникот. Потоа рееализиравме уште две слободни фрлања, и една тројка на една стотинка до крајот на мечот, но недоволно за пресврт и прва победа на кадетското ЕП во Измир.
Македонија претходно загуби од Франција со 47:104 и беше поразена и од Израел со 70:79