Македонија комплетно потона во клупскиот фудбал, во Европа само три земји се зад нас (Фото)

Македонскиот клупски фудбал со години сè повеќе тоне на ранг-листата на УЕФА што се прави според учинокот во европските купови.

Освен блесокот на Вардар во 2017 година, кога најтрофејниот македонски клуб успеа да се пласира во фазата по групи во Лигата на Европа и тоа како прва наша екипа со таков подвиг, сè останато е за заборав.

Нашите екипи без исклучок го завршуваат евронастапот во квалификациите и тоа нè донесе на 52-рото место од вкупно рангирани 55 земји.

Зад нас се само Андора, Црна Гора и Сан Марино, а пред нас е и еден Гибралтар. Тоа ќе значи дека во иднина ќе имаме една екипа помалку во еврокуповите, односно три наместо досегашните 4 тима што не претставуваат во клупскиот фудбал на Стариот Континент.

UEFA Country Coefficient after this week’s games from soccer

Македонија има вкупно 5.500 поени, а на врвот се Англичаните, и тоа убедливо со вкупно 91.570 поени во последните пет сезони, сметајќи ја и оваа што е во тек.

Втора е Шпанија, па следи Германија, која има рекордни 8 клуба во овој циклус на натпревари комбинирано во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига на УЕФА.

Top ten nations in European Cups – Second week 2022/23 from soccer

- Оглас -

Најнови вести