Денеска е ден за македонски фудбал и дури три наши селекции играат натпревари, два во помладите возрасни категории, кои веќе завршија, и едниот, кој е и најважен во сениорска конкуренција, вечерва од 20.45 часот меѓу Македонија и Бугарија во Скопје.
И почетокот е одличен, јуниорите на Македонија во пријателски меч го победија Кипар со 3:2 на дуел за фудбалери до 19 години.
Во истиот термин од 15 часот се играше и пријателскиот натпревар меѓу Македонија и Саудиска Арабија на турнирот во Хрватска и заврши нерешено 1:1.
Претходно избраниците на Драган Канатларовски ја победија Албанија на истиот турнир со 3:1.
Главниот меч ќе се игра на арената „Тодор Проески“ вечерва од 20.45 часот, а во последното коло во Лигата на нациите, Македонија ѝ е домаќин на Бугарија.
Се игра за престиж, односно за второто место во групата, откако веќе е познато дека Грузија е сигурно прва и ќе оди во повисок ранг на натпревари во Сегментот Б и ќе играат и за настап на ЕП 2024.