Македонија 19 минути не постигна гол, па доживеа двоцифрен пораз од Шведска

Женската ракометна репрезентација на Македонија со очекуван пораз од Шведска го започна настапот на Европското првенство во Дебрецин. Нашите ракометарки загубија со 28-18, иако поразот можеше да биде и далеку поубедлив.

Сепак, мечот започна како од соништата за Македонија, откако најпрво поведовме со 1-0, а потоа и со 3-1, но тука застанавме, а противникот со серија од 5-0 дојде до водство од 6-3 и до крајот на мечот не го испушти водството. Нашите девојки се држеа се до 20-тата минута и резултат 9-7, а потоа следуваа 19 минути во кои не постигнавме гол.

Шведска за тие 19 минути направи серија од 11-0 и поведе со 20-7, а на полувремето имаа водство од 15-7. Македонските ракометарки се опуштија во последниот период, па со серија од 4-0 намалија од 26-10 на 26-14 и колку толку го ублажија поразот, кој на крајот беше изразен со десет гола разлика.

Марија Јанкуловска, Ива Младеновска, Јована Кипријановска и Сара Ристовска постигнаа по три гола, додека во победничката екипа и воопшто на натпреварот најефикасна беше Натали Хагман со девет гола.

- Оглас -

Најнови вести