Прегоре алармот за узбуна – Македонија загуби од Азербејџан

Азербејџан ја победи Македонија со 3:1 во пријателски натпревар, последен пред стартот на квалификациите за ЕП 2024 година, а сега веќе силно свети алармот за узбуна.

Ова ни е петти меча без победа и четврти пораз во серија што загрижува. Гостите беа подобри во Скопје и со комплетен пресврт заслужено се радуват на победа.

Поведовме со голот на Енис Барди од пенал во 25. минута, но потоа во екот на голема иницијатива примивме гол од контранапад.

Чафаргулиев погоди рутински во 38. минута и израмни на 1:1, но допрва следеше лошто сценарио за Македонија.

Бобан Николов беше исклучен во 52. минута и фудбалскиот брод на Македонија во врнежливото попладне во Скошпје брзо потона.

Азербејџан ја искористи ситуацијата со играч повеќе на терен, а Курбанли погоди во 65. минута за пресврт и предност на гостите од 2:1.

Потоа имаше уште еден црвен картон, исклучен беше Хагверди од Азербејџан, а Македонија немаше ниту среќа за да израмни. Двапати ја погодувавме пречката на гостинскиот гол, а не казни Шејдајев со нов гол во 89. минута.

Ова беше последен тест за Македонија пред стартот на квалификациите за ЕП 2024 што почнуваат во март идната година со меч против Малта во Скопје.

Во група со нас се и Италија, Англија и Украина.

 

- Оглас -

Најнови вести