Ждрепката не е баш добра: Македонија ќе игра против Фарски острови во баражот за СП 2025

Македонската ракометна репрезентација ќе игра бараж дуел против селекцијата на Фарски Острови за пласман на Светското првенство во 2025 година. Ждрепката која денеска беше во Келн, Германија, реши нашиот национален тим да ги добие Фарски Острови за ривал, што ќе биде последна препрека за нов настап на планетарен собир.

Фарски Острови беа дебитанти на ЕП во Германија и направија фантастичен резултат кога одиграа нерешено против Норвешка, а и во останатите два меча од групната фаза беа одлични, со што само потврдија дека имаат голем потенцијал.

Македонија преку овој бараж ќе го бара деветото учество на Светските првенства, седмо во низа. Домаќини на Светското првенство ќе бидат Норвешка, Данска и Хрватска кои автомарски се квалификувани. Место на овој собир веќе обезбедија и Германија, Франција и Шведска кои стигнаа до полуфиналето на ЕП. Од Европа остануваат уште 11 слободни места.

Во останатите бараж дуели ќе играат: Финска/Литванија – Унгарија, Белгија/Италија – Црна Гора, Грција – Холандија, Романија – Чешка, Шпанија – Србија, Словенија – Швајцарија, Португалија – Босна и Херцеговина, Исланд – Естонија/Украина, Полска – Словачка/Израел, Грузија – Австрија.

Првите дуели од баражите ќе се играат на 8 и 9 мај, а потоа на 11 и 12 мај ќе следуваат реваншите, по што ќе бидат познати патниците на СП 2025.

 

- Оглас -

Најнови вести