Македонија ја победи Швајцарија и сега веќе може да мислиме на квалификациите за Мундијалот

Македонската кошаркарска репрезентација победи против Швајцарија со 61:67 во третиот меч од претквалификациите за пласман на Светското првенство кое ќе се игра следната година и речиси сигурно ќе обезбеди место за настап во квалификациите за Мундијалот.

Со две победи од три меча, Македонија се зацврсти на првото место во групата и само теоретски треба да потврди дека на крајот ќе биде на една од првите две места во групата. Во првото коло од овој турнир, Македонија изненадувачки загуби од Швајцарија со 62:67, а потоа во второто коло убедливо со 69:47 ја победи Словачка, за вечерва да ѝ се реваншираме и на Швајцарија. До крајот на турнирот, нашите кошаркари треба да одиграат уште еден меч со Словачка, и тоа на 18 август.

Македонија вечерва одигра многу посигурно од дуелот пред четири дена со Швајцарија. Нашите најдобри кошаркари од стартот поведоа со 12:4, а предноста од осум поени ја задржаа и на крајот од првата четвртина. Во втората четвртина, предноста на Македонија не падна под пет разлика, а нашите со одлична игра во финишот од полувремето стигнаа и до најубедлива предност од 39:26 на полувреме.

Во третата четвртина, Македонија девет минути држеше двоцифрена предност, но Швајцарците со серија од 7:1 во пресрет на последните 10 минути намалија на 46:52 најавувајќи дека нема лесно да се предадат. Во последната четвртина за кратко ја вративме двоцифрената предност 60:50, а на две и пол минути гостите намалија на 5 разлика (56:61). Сепак, со две тројки по ред, Македонија стигна до 67:56 и беа решени сите дилеми околу победникот.

Мекиќ со 16 поени беше најефикасен на теренот, а со двоцифрен број на поени беше и капитенот Трајковски (15 поени) и Крстевски со 11 поени. Кај Швајцарија најефикасен беше Казади со 15 поени.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести