Македонија ако игра бараж за СП, не би имала толку пеколен пат како минатиот пат

Фудбалската репрезентација на Македонија со победа на гости во Лихтенштајн тргна во квалификациите за Светското првенство кое се игра следната година, а утре следува вториот меч, против Велс дома.

Амбициите ни се пласман барем во баражите за СП, а дотаму може да стигнеме на два начина, како втори во квалификациската група или преку Лигата на нациите, што е можеби пореална варијанта во моментов бидејќи седумте топ фаворити во Европа тешко дека нема да бидат први или втори во своите групи во квалификациите.

Кога во моментов би завршиле квалификациите, и оние што уште не почнаа и важат за фаворити би обезбедиле пласман на СП, Македонија би играла бараж и би била во четвртиот шешир при ждрепката, што значи дека би играле на гости во полуфиналето со некој од првиот шешир, а таму во моментов би биле Украина, Турција, Србија и Велс.

Оваа варијанта е многу поповолна за нас од таа што беше во 2022, кога игравме баражи на гости со Италија и Португалија, но квалификациите се долги и има безброј опции.

- Оглас -

Најнови вести