Во церемонија која траеше два часа, беа извлечени групите за Светското првенство кое следната година ќе се игра во САД, Канада и Мексико. Многу интересни групи има што е најава за возбудливи дуели.
Интересно е дека и Македонија уште има теоретски шанси да се пласира на Мундијалот 2026 година, доколку ја победи Данска во гости во мартовскиот плејоф, а потоа слави и уште еден меч на гости и тоа меѓу подобриот од пресметката меѓу Чешка и Република Ирска.
Селекцијата која ќе биде најдобра од овие четири, на СП 2026 година ќе биде во групата А, заедно со домаќинот Мекдико, Република Кореја и Јужна Африка. Тоа е прилично неатрактивна група, со селекции против кои Македонија би можела да парира.
Група А: Мексико, Република Кореја, Јужна Африка, победник од Еуро плејофот Д.
Група Б: Канада, Швајцарија, Катар, победник од Еуро плејофот А група
Група Ц: Бразил, Мароко, Шкотска, Хаити,
Група Д: САД, Австралија, Парагвај, победник од Еуро плејофот Ц група
Група Е: Германија, Еквадор, Брегот на Слоновата Коска, Курасао.
Група Ф: Холандија, Јапонија, Тунис, победник од Еуро плејофот Б група
Група Г: Белгија, Иран, Египет, Нов Зеланд
Група Х: Шпанија, Уругвај, Саудиска Арабија, Зеленортски острови
Група И: Франција, Сенегал, Норвешка, победник од интерконтинентален плејоф 2
Група Ј: Аргентина, Австрија, Алжир, Јордан.
Група К: Португалија, Колумбија, Узбекистан, победник од интерконтинентал плејоф 1.
Група Л: Англија, Хрватска, Панама, Гана.


