37.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Македонија без Наташа Андонова на дуелите против Косово

Женската фудбалска репрезентација на Македонија во октомврискиот прозорец на ФИФА ќе одигра двомеч против селекцијата на Косово во рамките на Лигата на нации. Селекторот Кирил Ивоз денес го објави списокот со повикани фудбалерки на којшто се наоѓаат 24 имиња, но она што паѓа во очи е отсуството на нашата најдобра фудбалерка, Наташа Андонова.

Список на повикани фудбалерки за дуелите против Косово:

Голмани: Магдалена Лекоска (Љуботен), Лина Самарџиоска (Вајхо, Шведска), Ведрана Комненова (Скопје);

Одбрана: Ана Милчевска (Самгрело, Грузија), Сара Коларовска (Скопје 2014), Михаела Додевска (Скопје), Кристина Мојсоска (Ас Јунајтед), Едина Сулејмани (Ас Јунајтед), Александра Јовановска (Истатов), Катерина Милеска (Цевитана), Сара Ефтинџиоска (Цевитана);

Среден ред: Драгана Костова (Каменица САСА), Радица Велкова (Тиверија), Александра Марковска (Љуботен), Елма Шемсовиќ (Скопје), Кристина Крстева (Скопје), Хава Мустафа (Шкендија), Оливера Цоклеска (Ас Јунајтед);

Напад: Гентијана Рочи (Купс, Финска), Афродита Салихи (Скопје 2014), Јилза Максути (Ас Јунајтед), Кристина Петрушевска (Истатов), Радица Чонева (Истатов), Бојана Петкова (Љуботен);

Првиот меч против Косово ќе се одигра во петок, на теренот на ФФМ во Скопје, со почеток во 13 часот, додека реваншот е закажан за вторник, на гостински терен во Приштина, со почеток во 17 часот.

- Оглас -

Најнови вести