Македонија блеска на Малта: Манев донесе радост за 2:0 на полувреме (Видео)

Македонија води со 2:0 против Малта благодарение на голот на Јован Манев во 41-вата минута. Манев реагираше одлично по корнерот на Енис Барди и прецизно со глава биеше во долниот агол на домашниот гол, а топката заврши во мрежата.

Претходно, Елмас погоди за 1:0 со прекрасен шут во петтата минута, а погодокот на Манев е само потврда дека Македонија доминира на теренот на стадионот „Та-Кали“ во Малта.

Ова е резултат од првиот дел и нашите фудбалери треба да продолжат во ист ритам и во вторите 45 минути.

- Оглас -

Најнови вести