Македонија даде 191 гол, Sport Life ќе донира 382.000 денари во хуманитарни цели

„Голови за победа, голови за радост“ е хуманитарната акција во која ќе се донираат вкупно 382.000 денари од страна на спортските обложувалници Sport Life. Тоа е конечната сума која е добиена, благодарение на погодоците кои македонската ракометна репрезентација ги постигна на Светското првенство во Германија и Данска.

На седумте меча кои Македонија ги одигра, нашите ракометари вкупно постигнаа 191 погодоци. Во хуманитарната акција „Голови за победа, голови за радост“, секој гол се вреднуваше со 2.000 денари, што значи дека вкупната собрана сума е 382.000 денари, односно околу 6.200 евра.

За Македонија ова беше шести настап на планетарните собири и го имаше вториот најефикасен настап. Повеќе голови Македонија на СП има дадено само во 2009 година, кога на 11 одиграни меча постигнавме 309 голови. На сите останати настапи на СП, сме биле под границата од 190 погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести