„Голови за победа, голови за радост“ е хуманитарната акција која ја организираше спортската обложувалница Sport Life, за време на Светското ракометно првенство во Германија и Данска. „Правилата“ на оваа хуманитарна акција се едноставни. Секој погодок на македонската репрезентација на Мундијалот ќе значи донирање на 2.000 денари од страна на Sport Life во хуманитарни цели.
По премиерната победа над Јапонија во која нашите ракометари реализираа 38 погодоци (76.000 денари), денес против Бахреин застанаа на 28, што значи дека според хуманитарната акција по овој меч се собрани дополнителни 56.000 денари. По двете средби, Македонија постигна вкупно 66 погодоци, па засега се собрани вкупно 132.0000 денари, а црвено – жолтите веќе утре ќе можат да го зголемат овој фонд во дуелот против Хрватска (18 часот).
По средбата со селекцијата која ја води Лино Червар, Македонија ќе игра уште против Исланд и Шпанија како дел од натпреварите во групната фаза од светскиот ракометен собир.