Ракометната репрезентација на Македонија денеска ќе ги дознае противниците на Светското првенство кое на почетокот од идната година (14 јануари – втори февруари) ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка.
Ждрепката на која ќе се одредат групите ќе се одржи во концертната арена „Ватрослав Лисински“ во Загреб од 19.30 часот.
Ова ќе биде деветто учество на Македонија на Светските првенства, а пласманот на ракометниот Мундијал го обезбеди со елиминацијата на Фарски Острови во баражот.
Според правилата, четири од осумте групи ќе се играат во Хрватска, но коорганизаторот не ја избра Македонија да игра во еден од своите градови, па шансите ракометарите да бидат во група која ќе се игра во Скандинавија се 50-50.
Хрватите одлучија во групата Ц, која ќе се игра во Пореч, да ја сместат Австрија, во групата Г ја сместија Словенија, Унгарците ќе играат во Вараждин во групата Д, а тие како домаќини ја избраа групата Х, која исто како и групата Г ќе се игра во Загреб.
Македонија се наоѓа во третиот шешир заедно со селекциите на Полска, Катар, Бразил, Јапонија, Аргентина, Алжир и Куба и со нив не може да игра во првата рунда.