11.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Македонија денеска ја почнува „Операцијата Лихтенштајн“, домаќините подготвија изненадување

Македонија денеска со прв тренинг од 16.30 часот ќе ја почне „Операцијата Лихтенштајн“ во обид да се победи домаќинот на 8 октомври во Вадуз и да се задржи чекорот за пласман на Светското првенство во Катар идната година.

Избраниците на Благоја Милевски доаѓаат во Скопје во групи и составот треба да се комплетира на првиот тренинг денеска.

За жал, Енис Барди нема да игра поради повреда и на двата октомвриски дуели, против Лихтеншштајн за четири дена и со Германија во Скопје на 11 октомври, што е голем хендикеп за Македонија.

Нашата репрезентација ќе патува за Вадуз во среда и ќе биде првата репрезентација што ќе игра на новиот тревник на стадионот „Рајнпарк“.

Домаќините се пофалија со реновираниот терен, што ќе биде и предноста за Македонија бидејќи сега има подобри услови за игра на стадионот во Вадуз.

 

- Оглас -

Најнови вести