Македонската фудбалска репрезентација денеска на пладне ќе ги дознае ривалите во квалификациите за Европското првенство кое во 2024 година ќе се игра во Германија. Македонија беше дел од последното ЕП, а сега мисија е да се продолжи континиутетот на континенталните собири.
Македонија ќе биде во четвртиот барабан по јачина, што значи дека во нашата група ќе има три селекции кои реално се подобро рангирани. На денешната ждрепка ќе нема само две селекции од Европа. Германија како домаќин на ЕП има директно место на завршницата, додека Русија е суспендирана од сите натпреварувања на УЕФА и ФИФА.
Вкупно ќе има 10 групи од кои седум ќе бидат со пет селекции, а само три ќе бидат со шест репрезентации. Според планот, двете најдобропласирани репрезентации од секоја група, односно 20-те најдобри репрезентации ќе обезбедат место на завршницата. Германија веќе има место меѓу најдобрите, додека останатите три места ќе се пополнат преку бараж дуелите во Лигата на нации.
Во последните квалификации за СП 2022 година, Македонија за прв пат заврши на второто место во групата и ако сега го повторни тој успех, второто место ќе биде доволно да бидеме дел од елитата.
Од првиот барабан, Македонија никогаш нема играно само против Швајцарија, а интересно е дека најзвучната селекција од вториот барабан, репреентацијата на Франција исто така никогаш не ни одмерила силите со нашите најдобри фудбалери.