7.8 C
Skopje
понеделник, 2 март 2026

Македонија денеска ќе победи во Баку, прашање е само со колку разлика

Македонската кошаркарска репрезентација денеска ја продолжува мисијата да продолжи со перфектниот настап во претквалификациите за пласман на Европското првенство во 2029 година. Нашата селекција вечерва гостува во Баку против Азербејџан и е голем фаворит за победа.

Во петокот Македонија, предводена од новиот селектор Жозеп Марија Берокал, славеше над Луксембург, кој ни е најсериозен ривал во групата.

Саамо пред три месеца, нашата селекција во Скопје го декласира Азербејџан со 87:49, постигнувајќи речиси двојно повеќе поени од ривалот. Токму затоа, иако денеска се игра во Баку, Македонија е голем фаворит за победа.

Доброто е што новиот селектор има плус уште неколку дена за добро да се запознае со репрезентативците, со нивниот потенцијал и да направи тактика за нова победа во овие претквалификации.

- Оглас -

Најнови вести