28.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Македонија џабе се надеваше дека ќе игра на Светско првенство

Светската ракометна федерација (ИХФ) реши дека за македонската женска ракометна репрезентација нема место на Мундијалот. Македонија не се избори за место на Светското првенство откако во баражот на двапати загуби од Украина.

Сепак, постоеше опција Македонија да добие вајлд-карта и така да биде дел од планетарниот собир, но челниците на ИХФ решија дека дека поканите за настап на СП треба да ги добијат Австрија и Исланд, но не и Македонија.

Оваа одлука на ИХФ е разочарувачка бидејќи според критериумите, Македонија и Швајцарија беа како резерви од Европа за настап на Мундијалот. Сепак, ИХФ реши на СП да одат Австрија и Исланд, кои воопшто не беа дел од последното Европско првенство.

Данска, Норвешка и Шведска ќе бидат домаќини на СП кое ќе се игра оваа година.

- Оглас -

Најнови вести